Иранскиот претседател призна безбедносни пропусти за време на војната со Израел
- – Пропустите што станаа очигледни во текот на војната мора детално да се анализираат и отстранат, изјави Пезешкијан на денешната седница на Владата, пренесе официјалниот владин весник „Иран“.
Техеран, 17 јули 2025 (МИА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан првпат јавно призна дека за време на неодамнешниот вооружен конфликт со Израел биле утврдени сериозни слабости во системот за безбедност.
– Пропустите што станаа очигледни во текот на војната мора детално да се анализираат и отстранат, изјави Пезешкијан на денешната седница на Владата, пренесе официјалниот владин весник „Иран“.
Оваа самокритичност претставува исклучок во политичкиот дискурс на Исламската Република, нагласува ДПА.
За време на 12-дневниот конфликт со Израел беа ликвидирани неколку високи ирански воени команданти во нивните домови. Меѓу целите на нападите беа и нуклеарни и воени објекти, но и други помалку познати, како фондација што го негира Холокаустот.
Според аналитичари, вакви напади не би биле можно без интерна поддршка. Последниве недели кружат сомнежи за можни врски меѓу елементи од иранските безбедносни структури и израелската разузнавачка служба Мосад.
Неколку лица се веќе уапсени под сомнение за шпионажа во полза на Мосад. ссм/
фото: архива