Иранскиот потпретседател Мохамад Џавад Зариф поднесе оставка
- Откако иранскиот Парламент вчера го смени министерот за економија Абдолнасер Хемати од функцијата, влијателниот ирански потпретседател Мохамад Џавад Зариф исто така понуди оставка.

Техеран, 3 март 2025 (МИА) - Откако иранскиот Парламент вчера го смени министерот за економија Абдолнасер Хемати од функцијата, влијателниот ирански потпретседател Мохамад Џавад Зариф исто така понуди оставка.
Зариф ја поднесе својата оставка до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, што е уште еден неуспех за умерено конзервативниот лидер само седум месеци од неговиот мандат, јави ДПА.
Одлуката на потпретседателот Зариф доаѓа откако иранскиот Парламент ја повлече довербата во министерот за економија Хемати, умерен политичар и поранешен шеф на централната банка. Вкупно 182 од 273 пратеници во 290-члениот ирански парламент вчера гласаа за смена на Хемати. мс/
фото: МИА архива