Иранскиот министер за надворешни работи, Арагчи се сретна со високите талибански претставници во Кабул
- Високи талибански претставници денеска во Кабул разговараа со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи за тензиите долж заедничката граница, за третманот на авганистанските бегалци во Иран, како и за други теми.
Кабул, 26 јануари 2025 (МИА) - Високи талибански претставници денеска во Кабул разговараа со иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи за тензиите долж заедничката граница, за третманот на авганистанските бегалци во Иран, како и за други теми.
Тоа е прва посета на ирански министер за надворешни работи на Авганистан од 2017 година.
Арагчи рече дека Иран е посветен на враќањето на околу 3,5 милиони авганистански бегалци и нема намера да се меша во внатрешната политика на Авганистан, соопшти Владата во Кабул. рп/
Фото: ЕПА