• вторник, 24 март 2026

Ирак: Одржана парада на паравоените формации

Ирак: Одржана парада на паравоените формации
Багдад, 26 јуни 2021 (МИА) - Илјадници припадници на ирачките паравоени формации, вклучително и силни фракции, поддржани од Иран, маршираа денеска низ воената база во источен Ирак, претставувајќи тенкови и ракетни фрлачи на најголемата официјална парада досега. На настанот, на кој присуствуваше и премиерот на Ирак Мустафа ал-Кадими, се одбележа седмата годишнина од формирањето на Народните мобилни сили (ПМФ), кои беа формирани за борба против сунитската терористичка Исламска држава. „Ја ценам жртвата што ја дадовте, како и жртвата на ирачките вооружени сили во борбата против Исламската држава“, рече Кадими, предупредувајќи дека е против каков било бунт во ПМФ, без да даде други детали. ссм/

Остани поврзан