• понеделник, 23 декември 2024

Ирак ги потврди преговорите со Русија за купување на системот С-300

Ирак ги потврди преговорите со Русија за купување на системот С-300
Багдад, 13 јануари 2020 (МИА) - Ирачкиот амбасадор во Иран, Саад Џавед Кандил откри денеска дека Багдад преговара со Русија за купување на ракетниот систем С-300, со што се потврдени претходните најави. - Иран би можел да купи С-300, истакна Кандил, додавајќи дека Багдад планира да го зголеми увозот на оружје. С-300 е далекометен руски ракетен противодбранбен систем, кој е развиен уште во 1979 година. гт/

Остани поврзан