• вторник, 05 ноември 2024

ИОМ: Повеќе од 90.000 луѓе се раселени во Либан по тридневните израелски напади

ИОМ: Повеќе од 90.000 луѓе се раселени во Либан по тридневните израелски напади

Бејрут, 25 септември 2024 (МИА) - Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска соопшти дека по тридневните израелски воздушни напади во Либан, во таа земја се раселени уште најмалку 90.530 лица.

Речиси 40.000 од нив во моментов се сместени во 283 засолништа.

Голем број луѓе на северот на Израел и југот на Либан веќе беа принудени да ги напуштат своите домови во текот на речиси една година судири меѓу Израел и либанскиот Хезболах и други вооружени групи кои се борат против Израел.

Израелската влада си постави за цел враќање на луѓето од северот во нивните домови.

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (UNHCR) во Либан изрази сериозна загриженост поради ескалацијата во Либан.

Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања денеска соопшти дека вкупно 200.000 луѓе биле раселени во Либан откако проиранскиот Хезболах почна да испукува ракети кон северен Израел на 8 октомври минатата година, што предизвика израелска одмазда. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан