• недела, 22 декември 2024

ИОМ: Нов биланс - Повеќе од 670 загинати во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

ИОМ: Нов биланс - Повеќе од 670 загинати во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја

Порт Морсби, 26 мај 2024 (МИА) - Повеќе од 670 луѓе загинале во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја, според новите проценки на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Шефот на мисијата на агенцијата за миграција на ОН во островската држава во јужниот дел на Тихиот Океан, Серхан Актопрак, денеска изјави дека ревидираниот биланс на загинати се заснова на пресметките на властите во селото Џамбали и провинцијата Енга, каде што повеќе од 150 домови беа затрупани од лизгање на земјиштето во петокот.

Претходната проценка беше дека 60 домови беа погодени од свлечиштето. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан