• среда, 15 јануари 2025

ИОМ: Десетици илјади Суданци се во смртна опасност

ИОМ: Десетици илјади Суданци се во смртна опасност

Картум, 13 август 2024 (МИА) – Меѓународната организација за миграција (ИОМ) денеска ги повика земјите да ги зголемат донациите за Судан. Земјата е погодена од најтешката бегалска криза поради граѓанската војна, што може да доведе до десетици илјади смртни случаи.

ИОМ доби само 21 отсто од потребната помош за Суданците. Покрај граѓанската војна, на жителите на африканската земја сега им се закануваат глад, болести и поплави, изјави шефот на мисијата на ИОМ во Судан, Мохамед Рефат.

Меѓународната заедница не прави доволно. Без итен масовен и координиран глобален одговор, ризикуваме да бидеме сведоци на десетици илјади смртни случаи што може да се спречат во наредните месеци, наведе Рефат.

Во Судан речиси секој петти граѓанин го напуштил домот. Околу 10,7 милиони луѓе се внатрешно раселени, а 2,3 милиони заминале од Судан, конфликтот во државата избувна во април 2023 година, поттикнувајќи етничко насилство и широко распространет глад. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан