• петок, 22 ноември 2024

ИОК ја поедноставува постапката за исклучување на вид спорт од програмата на Олимписките игри

ИОК ја поедноставува постапката за исклучување на вид спорт од програмата на Олимписките игри
Токио, 8 август 2021 (МИА) - Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе може да исклучи некој спортот од програмата на Олимписките игри без одобрување на седницата на организацијата. Одлуката е донесена денес на седницата на ИОК во Токио. - Спортска дисциплина може да биде исклучена од олимписката програма ако соодветната Меѓународна федерација што раководи со спортот не делува во согласност со одлуките на Извршниот одбор на ИОК или ако таа федерација дејствува на начин што може да го наруши угледот на Олимпиското движење, стои во известувањето од ИОК. Промените се поттикнати од допинг-скандали и корупциски афери во Меѓународната федерација за кревање тегови (ИВФ). Постои можност кревањето тегови да биде исклучено од Олимпијадата во Париз во 2024 година, но во случај на реформи во федерацијата, ќе се врати на Игрите во 2028 година. зс/

Остани поврзан