• петок, 15 ноември 2024

Инфраструктурни проекти и формирање постојан економски совет во Кочани вети Љупчо Папазов

Инфраструктурни проекти и формирање постојан економски совет во Кочани вети Љупчо Папазов
Кочани, 30 септември 2021 (МИА) - Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов на вечерашниот митинг вети сеопфатна стратегија за справување со сите ризици и формирање посебно тело на Советот на Општината за управување со кризи во кое ќе членуваат експерти во своите области. На собирот на кој беше преставена и кандидатската лист за советници, Папaзов нагласи дека дека се потребни промени за успешно справување со проблемите во општината. - Во превенцијата на нови опасности голем удел ќе има капиталниот проект за уредување на коритото на Кочанска Река по целата должина во градот, со што нејзината пропусна моќ ќе се зголеми, а ќе се избегне поплавување на подрумските простории во објектите во близина. Ќе изградиме два нови сообраќајни моста на реката, ќе воведеме и регистар на загадувачи на природата, како и бројни проекти од комуналните работи и инфраструктурата. Ќе формираме постојан економски совет од докажани професионалци на волонтерска основа за промоција на условите за инвестирање. Ја збогатуваме и туристичката понуда преку целосна доизградба на неопходната инфраструктура на Пониква, истакна Папазов. Во обраќањето пред присутните граѓани, потенцираше дека младите ќе добиваат поддршка преку унапредување на работата на Младинскиот совет на општината, ќе се формира на бизнис инкубатор за развој на старт-ап компании. За поддршка на спортот ќе се изгради нова градска спортска сала и поголемо искористување на постоечките објекти. На митингот во Кочани, на кој присутуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Папазов вети чесно и одговорно управување со општината за создавање квалитетни услови за модерна, сигурна и перспективна иднина на граѓаните. та/ки/

Остани поврзан