• четврток, 19 декември 2024

Инфоден за програмата за наука и технологија COST

Инфоден за програмата за наука и технологија COST
Скопје, 14 јуни 2022 (МИА) - Програмата за европска соработка за наука и технологија COST (European Cooperation in Science and Technology) во соработка со Министерството за образование и наука в понеделник, 20 јуни, ќе организира онлајн Инфоден. МОН во најавата за настанот ги поканува претставниците на научната и истражувачката јавност да присуствуваат на Инфоденот на COST-програмата  која им овозможува на истражувачите да воспостават интердисциплинарни истражувачки мрежи во Европа и пошироко. Програмата финансира организација на конференции, состаноци, школи за обука, кратки научни размени и други мрежни активности во сите научни теми. -Преку своите акции (мрежни проекти) COST овозможува зголемена мобилност на истражувачите низ Европа, го поттикнува воспоставувањето научна извонредност и го намалува јазот помеѓу земјите со различен интензитет на научен и технолошки развој. Акциите траат четири години и се отворени за сите истражувачи, без разлика на нивното ниво на кариера и земјата од која доаѓаат, наведува МОН во известувањето на својата веб-страница. хс/сп/

Остани поврзан