• сабота, 28 септември 2024

Инфективното одделение во велешката болница постепено се полни со Ковид пациенти

Инфективното одделение во велешката болница постепено се полни со Ковид пациенти
Велес, 16 август 2021 (МИА) - На Инфективното одделение во велешката болница вкупно се хоспитализирани 13 пациенти, од кои девет се потврдени позитивни и четири пациенти се сомнителени. На кислородна поддршка се пет пациенти, а во изминатите 24 часа на ова одделение бил новoпримен еден пациент, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова. За споредба на Инфективно одделение, во велешката Општа болница вчера вкупно беа хоспитализирани 12 пациенти, од кои девет потврдени позитивни и тројца сомнителени пациенти. На кислородна поддршка вчера беа четворица пациенти. Според Министерството за здравство во изминатите 24 часа во Велес бил регистриран еден новозаболен и еден оздравен, додека во Велес моментално активни на Ковид-19 се 55 лица. ад/аа/

Остани поврзан