Интер се „лизна“ во трката за титулата
- Оваа сезона ќе гледаме трка за титулата во Серија „А“ до самиот крај бидејќи Интер се „лизна“ во Болоња.

Болоња, 20 април 2025 (МИА) - Оваа сезона ќе гледаме трка за титулата во Серија „А“ до самиот крај бидејќи Интер се „лизна“ во Болоња.
„Нероазурите“ беа поразени на „Ренато Дал'Ари“ со 1:0 (0:0) во 33. коло од италијанскиот шампионат. Победничкиот гол го постигна Рикардо Орсолини во самиот финиш на натпреварот.
Интер и понатаму е на првото место со 71 бод, исто толку колку и второпласираниот Наполи. Во случај двете екипи да завршат со ист број бодови, натпревар за титулата ќе се игра на неутрален терен.
Болоња, пак, со оваа победа скокна пред Рома и Јувентус и сега е на четвртата позиција со 60 бодови.
Серија А, 33. коло
Од саботата:
Лече - Комо 0:3 (0:1)
/Дијао 33, 90+1, Голданига 85/
Монца - Наполи 0:1 (0:0)
Мектомини 72/
Рома - Верона 1:0 (1:0)
/Шомуродов 4/
Недела:
Емполи - Венеција 2:2 (0:0)
/Фазини 59, Анјорин 87 - Џебоа 67, Бусио 85/
Болоња - Интер 0:1 (0:0)
/Орсолини 90+4/
Милан - Аталанта 20.45
Понеделник:
Торино - Удинезе 12.30 часот
Каљари - Фиорентина 15.00 часот
Џенова - Лацио 18.00 часот
Парма - Јувентус 20.45 часот. дс
Фото: Архива