• недела, 22 декември 2024

Интер ова лето нема да ги продава најголемите ѕвезди

Интер ова лето нема да ги продава најголемите ѕвезди
Милано, 3 мај 2022 (МИА) – Актуелниот италијански првак Интер нема намера да ги продава своите најголеми ѕвезди и одлучен е да го задржи Лаутаро Мартинез, и покрај интересот што за аргентинскиот напаѓач го покажуваат Арсенал, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Атлетико Мадрид. За да ја одржи финансиската стабилност, Интер лани ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими за вкупно 183 милиони евра. „Неро-азурите“ и оваа година ќе мораат да продаваат играчи со цел финансиите да им бидат во баланс, повеќе не сакаат да ги жртвуваат своите најголеми ѕвезди, пренесуваат денеска италијанските медиуми. Според истите извори, Интер попрво ќе се одрече од своите растечки таленти, како Андреа Пинамонти и Мартин Сатриано. Интер го проценува Пинамонти на 25 милиони евра, додека за услугите на Сатриано ќе бара 15 милиони евра. ег/паг/

Остани поврзан