• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Интер Мајами почна преговори со Меси за нов договор

Интер Мајами почна преговори со Меси за нов договор

 

Мајами, 2 јули 2025 (МИА) – Раководството на американскиот прволигаш Интер Мајами е убедено дека аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси ќе го продолжи договорот, кој истекува во декември.

Британскиот сервис Би-Би-Си пренесува дека менаџерскиот тик на Меси и претставници на клубот веќе почнале преговори за продолжување на соработката.

Официјалните лица на американскиот клуб веруваат дека Меси ќе го обнови договорот, а извори блиски до фудбалерот изјавија дека Аргентинецот е заинтересиран да остане во САД, и покрај наводниот интерес од Саудиска Арабија.

Меси е рекордер во кратката историја на Интер Мајами со 50 голови кои ги постигна откако се пресели во САД по настапите за Барселона и ПСЖ. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан