Интер и Челси во спор за бразилски дефанзивец
- Вчера имаше информации дека Сампдорија речиси сигурно ќе ги обезбеди услугите на Лукас Верисимо за 5 милиони евра, но претседателот на Сантош, Жозе Карлос Перез одби таква понуда и го запре т

Милано, 8 јуни 2020 (МИА) - Голем број на европски клубови се заинтересирани за дефанзивецот на Сантош, Лукас Верисимо. Бразилските гиганти веќе одбија понуда од Сампдорија, но се соопштува дека има зголемен интерес од Аталанта, Челси и Интер.
Вчера имаше информации дека Сампдорија речиси сигурно ќе ги обезбеди услугите на Лукас Верисимо за 5 милиони евра, но претседателот на Сантош, Жозе Карлос Перез одби таква понуда и го запре трансферот.
Бразилскиот клуб сака околу десет милиони евра за дефанзивецот.
Бразилскиот гигант доживува финансиски тешкотии и скоро сигурно ќе го продаде својот фудбалер.