• петок, 22 ноември 2024

Интер го одложи враќањето на тренинзите

Интер го одложи враќањето на тренинзите
Милано, 6 мај 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Интер денес го одложи враќањето на тренинзите, бидејќи не е тестиран секој член на тимот за коронавирусот. Фудбалерите од клубовите во Серија „А“ оваа недела се враќаат на тренинзи под строги правила, а играчите на Интер требаше да започнат денес. Но, тренинг центарот на клубот остана затворен и се очекува да биде отворен до крајот на неделава. Лекарот на Интер е еден од трите клупски лекари од Серија „А“ кои биле во болницата поради коронавирусот. Фудбалерите на повеќето италијански клубови тренираат индивидуално оваа недела, пред да продолжи тимскиот тренинг на 18 мај.

Тагови

Остани поврзан