Интер го зема Вертонген како слободен агент
- Договорот на 32-годишниот Белгиец со „спарс“ истекува на крајот на јуни 2020 година, така што играчот сега може да преговара со другите клубови и да го напушти сегашниот клуб како слободен аг

Милано, 26 февруари 2020 (МИА) - Интер му понуди договор на дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген.
Договорот на 32-годишниот Белгиец со „спарс“ истекува на крајот на јуни 2020 година, така што играчот сега може да преговара со другите клубови и да го напушти сегашниот клуб како слободен агент во текот на летото.
Интер се надева дека повторно ќе ги соедини Вертонген со неговиот поранешен тимски колега во Тотенхем - Кристијан Ериксен, кој стана играч на „нероазурите“ во јануари.
Вертонген игра за Тотенхем уште од летото 2012 година.
Во сезоната 2019/20, Белгиецот одигра 24 натпревари за „петлите“, има 1 гол и 1 асистенција.