• петок, 22 ноември 2024

Интерес за возилата Грин Машинс на БРАКО на саемот во Ист Гејт

Интерес за возилата Грин Машинс на БРАКО на саемот во Ист Гејт
Граѓани и фирми искажаа интерес за изложените возила Грин Машинс на БРАКО, на саемот на електрични возила во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје. Посетителите се интересираа како функционира едно електрично возило, дали загадува, колку чини, за каква намена се возилата и кои задачи може да ги извршуваат. Посебен интерес покажуваа млади лица и инженери, поради фактот што станува збор за целосно домашен високоразвиен производ кој е предизвик за секој инженер. Дел од граѓаните го споделија и своето изненадување што фирма од Северна Македонија произведува електрични возила и ги продава на светскиот пазар. На саемот „Денови на електромобили“ БРАКО се претстави со две возила Грин Машинс, GM400ze и GM500ze . Моделот GM400ze е едно од најновите електрични возила на брендот „Грин Машинс“, целосно проектирано, дизајнирано и произведено во погоните на БРАКО. Овој модел има систем за рециркулација на воздухот, со што се зголемува капацитетот за филтрирање на прав и количината на честички што се емитуваат е намалена за три пати. GM500ze пак, е најпродаваниот модел и е совршен за одржување на хигиена на надворешни површини, пешачки зони, плочници и улици . За електричните модели Грин Машинс постојано расте интересот и бројот на порачките од земјите од ЕУ и другите развиени земји. _____________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан