• недела, 22 декември 2024

Институциите ќе подготоват акциски планови за реализацијата на ИПА 2 проектите

Институциите ќе подготоват акциски планови за реализацијата на ИПА 2 проектите
Скопје, 17 мај 2021 (МИА) - Владата на тематска седница што се одржа вечерва го разгледа напредокот на проектите финансирани преку ИПА 2 и проектите што се финансираат од меѓународните финансиски институции со прогрес за нивна реализација. Како што соопшти владината прес-служба, Владата  на 70-тата тематска седница ја разгледа информацијата за статусот на проектите кои се финансираат преку ИПА 2 програмите и врз основа на анализата за прогресот на проектите на Министерството за финансии донесе заклучоци со задолженија до министерствата и до сите останати институции надлежни за имплементација на проектите, да достават до МФ акциски план со статус за нивната реализација. Тие акциски планови, информираат од Владата, ќе бидат основа за Министерството за финансии кое најдоцна до 15 јули годинава  ќе подготви соодветен материјал, кој ќе се разгледа на наредната тематска седница со цел да се утврди напредокот на проектите кои се финансираат преку ИПА 2 програмите. На владината седница е разгледана информацијата за статусот на проектите што се финансираат од меѓународни финансиски институции и билатерални кредитори и донесе соодветни заклучоци за динамиката на изведувањето на проектите и за искористеноста на заемите и инвестициските грантови за нив. -Со оваа информација и со приложените предлог заклучоци Владата ги задолжи министерствата што реализираат проекти од овие програми, да пристапат кон подготовка и да достават до Министерството за финансии на редовна квартална основа, односно во рок од 10 дена по завршување на кварталот, акциски планови за секој проект кој го подготвуваат да бидат разгледувани на седници на редовна квартална основа, односно во рок од 15 дена од завршување на секое наредно тромесечје, се наведува во соопштението.лв/вг/

Остани поврзан