• петок, 22 ноември 2024

ИНСТАТ: Албанија има 2,76 милиони жители, просечната возраст достигнува 38,8 години

ИНСТАТ: Албанија има 2,76 милиони жители, просечната возраст достигнува 38,8 години

Тирана, 5 јуни 2023 (МИА) – Во Албанија продолжува падот на бројот на населението па така на крајот на минатата година имала 2.761.785 жители или за 1,1 отсто помалку споредено со 2021 година.

Намалувањето на бројот на жители доаѓа од повеќе причини поврзани со демографската структура и извештаите за имиграција, што предизвикува континуирано намалување на населението од 1990 година.

-Само минатата година земјава броела 32.500 лица помалку, врз што влијание има и наталитетот на повозрасна возраст и изборот да се раѓаат помалку деца. Просечната возраст е зголемена на 38,8 години, од 38,2 години, колку што била во 2021 година, јавија медиумите повикувајќи се на државниот институт за статистика, ИНСТАТ.

Проценките на населението на 1 јануари 2023 година покажуваат дека само во еден округ, односно Тирана, забележан е раст на бројот на жителите, додека во другите единаесет окрузи забележан е пад на бројот на жителите, вклучувајќи го и Драч, кој до минатата година бележел позитивна стапка.

Во однос на полот, Албанија има 27.000 жени повеќе од мажи. вт/

Остани поврзан