• четврток, 16 мај 2024

Иницијативен одбор: Да престане запоставувањето на Мариово

Иницијативен одбор: Да престане запоставувањето на Мариово
Прилеп, 19 ноември, 2022 (МИА) - Иницијативниот одбор за поттикнување на развојот на Мариово повторно го крева гласот за да се привлече внимание за обезбедување основни услови во најретконаселената област, Мариово. Бараат да се обезбедат основни инфраструктурни услови и можности да се ставот во функција ресурсите на оваа област богата со историја и природни богатства. Според Тренчо Димитриоски, претседател на одборот државата преку централната и локалната власт има законски обврски да обезбеди основни услови за живот, без разлика колку жители има областа која зафаќа е4 насто од територијата на земјава. -Бараме внимание за Мариово. Иницијативниот одбор зе организира и сака да помогне во иницијативите и активностите за развој на Мариово.Не само крупни проекти, туку постојната состојба да ја подобрат бидејќи тоа им го налагаат законските обврски. Има надлежности и на општината и на државата. Оние помали патишта до селата, до стопанствата треба да се овозможат. барем да ги одржуваат во една состојба безбедна за возење. Не3 може чуда да се направат, но Мариово 50 години е запоставено. Ние не протестираме против некого, туку протестираме за Мариово, да се „сврти листот“ и да почне да се води грижа за областа за основни услови за живот. нека почнат од законските обврски: да ги одржуваат патчињата и патиштата, нема никакво здравство, нема транспорт. А како да има жители без основни услови за живот. Сведок сум дека оваа година неколку сточари ги откажаа стадата. Можеби има над 200 жители, но главна е експлоатацијата. Има барем 10 рудници за минерални суровини. А каде се тие средства? За Мариово нема ништо, вели Димитриоски. Дека може да има развој во мариово, на земјоделство, сточарство, па и на рурален туризам покажуваат примерите на поединци. Јован Чесакоски, по потекло од Мариово и голем ентузијаст ентузијаст, одгледува пчели и има расадници. -Се занимавам со пчеларство, имам бавча, расадник. Имам и соседи со кои сами го одржуваме патот. Не е во голема должина, од 100 до 1000 метри, но сакаме да создадеме средина за  земјоделско-стопански развој. Засега работиме од љубов, за свои потреби, без некој поголем профит, но и тоа за почеток поттикнува други. Бриродата е дарежлива и тоа треба да се искористи, вели Чесакоски. Боге Ристески, по потекло од мариовското село Дуње, опеано во литературата, вложил во рурален туризам, а веќе има интерес од други и доаѓаат посетители. - Направив голема инвестиција. отсекогаш сум го сакал руралниот туризам. Во вакви услови, некој да вложува во Мариово,а  да нема воопшто слух од некого, тогаш не знам што треба повеќе да се направи. Ние сакаме да се сврти вниманието кон Мариово дека има некој и сака таму да вложува. Моето вложување поттикна и други вложувања, во обнова на куќи, раздвижување, враќање на луѓе со интерес за земјоделство, за пчеларство. Има посетители, ковид ситуацијата направи одреден застој, но има голем број од земјава од европските земји кои доаѓаат. Сето ова е иницијална каписла за да дојдат што повеќе луѓе во Мариово. Апелот е институциите да прекинат со заборавноста кон Мариово, вели Ристески. Во текот на денешниот ден Иницијативниот одбор и градските власти на Прилеп се во Посета на Мариово за да се согледаат состојбите. Мариово како област е на територија од 1100 до 1300 метри квадратни, зафаќа 4 насто од државата и е до границата со Грција. Областа е расдпределена во три општини: Битола, Прилеп и Кавадарци. Сега има само неколку стотини жители.ем/  

Остани поврзан