• недела, 22 декември 2024

Иницијативата „Отворен Балкан“ ги даде очекуваните резултати, вели Ковачевски

Иницијативата „Отворен Балкан“ ги даде очекуваните резултати, вели Ковачевски

Скопје, 9 април 2024 (МИА) - Иницијативата „Отворен Балкан“ ги даде очекуваните резултати. Имаме зголемена трговија меѓу трите држави, систем на слободни движење на работната сила и олеснет проток на стока, оценува лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. 

Дали и во која форма ќе функционира „Отворен Балкан“ е прашање на државите кои се дел од оваа иницијатива, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања. 

Посочи дека се работи за оргинална иницијатива која потекнува од три држави од Западен Балкан, а како резултат на неа воведени се зелени ленти, тргнати се голем број нетарифни бариери, усогласени се фотосанитарните контроли, признати се диломите и воспоставен е систем за слободно движење на работна сила. 

- Трговијата меѓу Македонија и Србија е зголемена за 50 проценти, трговијата меѓу Македонија и Албанија е зголемена за 40 проценти, а вкупната трговија меѓу трите земји е зголемена за 25 проценти. Ако ги прашате бизнисмените и компаниите дали вреди, ќе ви кажат да, ако ги прашате работниците, ќе ви кажат да, а ако ги прашате политичарите, ќе добиете филозофирање затоа што немаат агенда, рече Ковачевски. бак/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан