• понеделник, 23 декември 2024

Индустриското производство во јули намалено за пет проценти на годишно ниво

Индустриското производство во јули намалено за пет проценти на годишно ниво
Скопје, 31 август 2022 (МИА) - Индустриското производство во јули годинава во однос на на јули лани е намалено за пет проценти. Во периодот јануари - јули годинава споредено со истиот период лани бележи раст од 1,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во јули годинава во однос на јули лани бележи опаѓање од 5,6 проценти во  Преработувачка индустрија, а од 12,2 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 12,2  проценти. Пораст од 7,3 проценти има во секторот Рударство и вадење на камен. Според ДЗС, намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Според главните индустриски групи, производството во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 12,8 проценти, Капитални производи за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти.лв/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан