• петок, 05 декември 2025

Индустриското производство во првите девет месеци поголемо за 0,9 отсто, во септември помало за 0,5

Индустриското производство во првите девет месеци поголемо за 0,9 отсто, во септември помало за 0,5
Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) - Индустриското производство во септември годинава е намалено за 0,5 отсто во однос на истиот месец лани, а во првите девет месеци од годинава бележи раст од 0,9 отсто во споредба со истиот период од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот  Рударство и вадење на камен во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи опаѓање од 33,3  отсто, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 5,5, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2 отсто. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во одделите Производство на текстил, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. Според главните индустриски групи, пак, производството бележи пораст кај Капитални производи за 49,9 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 25,4 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,8 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5,2 процента и Интермедијарни производи, освен енергија за 24,7 проценти.вј/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан