• четврток, 22 мај 2025

Индијана и Бостон стигнаа до трети победи во 1. коло на НБА плејоф серијата

Индијана и Бостон стигнаа до трети победи во 1. коло на НБА плејоф серијата

Милвоки, 28 април 2025 (МИА) – Екипите на Индијана пејсерс и Бостон селтикс се на чекор до второто коло на плејофот во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.

Бостон ноќеска на гости го совлада Орландо меџик со 107:98, додека Индијана се радуваше на теренот на Милвоки бакс со 129:103.

На двете пресметки резултатот е 3:1 во серијата прв до четири.

Прв тим со пласман во четвртфиналето е Оклахома Сити по „метлата“ над Мемфис (4:0). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан