• недела, 22 декември 2024

Индискиот двократен освојувач на олимписки медал уапсен поради убиство

Индискиот двократен освојувач на олимписки медал уапсен поради убиство
Њу Делхи, 23 мај 2021 (МИА) - Индискиот борач Сушил Кумар денеска е уапсен поради убиство, соопшти полицијата во Њу Делхи. - Кумар (37) и уште едно лице се приведени за убиството, изјави портпаролот на полицијата во Њу Делхи, без да даде детали за потенцијалните обвиненија. Кумар бил вмешан во тепачка на 4 мај пред стадионот Чатрасал во Њу Делхи, по што три лица биле примени во болница, а едно од нив, поранешен јуниорски државен шампион во борење им подлегнал на повредите. Кумар е еден од најпознатите спортисти во Индија, тој освои сребрен медал на Олимписките игри во 2012 година и бронза на ОИ во 2008 година. ми/

Остани поврзан