• четврток, 26 март 2026

Индиската војска соопшти дека 15 цивили загинале во пакистанските прекугранични напади (ДПЛ)

Индиската војска соопшти дека 15 цивили загинале во пакистанските прекугранични напади (ДПЛ)

Њу Делхи, 7 мај 2025 (МИА) – Индиската армија соопшти дека бројот на жртвите од синоќешниот пакистански напад се искачи на 15 лица.

При гранатирањето на областите Пунч и Тангдар на територијата на Кашмир под индиска управа повредени се 43 цивили.

Индиската армија соопшти дека пакистанските трупи „почнале произволно да гаѓаат“ долж контролната линија, додавајќи оти пропорционално ќе одговори на пакистанските напади.

Армијата на Пакистан соопшти дека во синоќешните индиски напади загинале 26 лица, додека 46 се повредени. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан