• понеделник, 23 декември 2024

Инвестирањето во човечкиот капитал за иновации во фокусот на 62. состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на ПС на ПАБСЕК во Скопје

Инвестирањето во човечкиот капитал за иновации во фокусот на 62. состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на ПС на ПАБСЕК во Скопје

Скопје, 5 март 2024

Во Собранието денеска се одржува 62. Состанок на Комисијата за социјална и хуманитарна политика на Парламентарното собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК).

Во фокусот на состанокот е инвестирањето во човечкиот капитал за иновации и просперитет во регионот.

Состанокот го отвори претседателот на Комисијата, Муса Гулијев, кој ги поздрави присутните и изрази уверување дека конструктивната соработка ќе ја продолжи уште поинтензивно.

Претседателот на Собранието Јован Митрески се обрати на отворањето и потенцираше дека овој состанок има посебно значење за Собранието на РСМ кое првпат Собранието е домаќин на состанок од ваков формат.

„Соработката што ја овозможува оваа Организација е од исклучително значење за Северна Македонија, но верувам и за секоја земја членка на ПАБСЕК. Бидејќи меѓусебната соработка, размената на искуствата, размената на предизвиците со кои секоја земја поединечно се соочува се суштински во креирањето на долгорочни и одржливи политики“, рече Митрески пред присутните.

Генералниот секретар на ПАБСЕК, Асаф Хаџијев потенцираше дека Република Северна Македонија е многу активна како членка, особено во последните две години.

„Се надевам дека состанокот на нашиот комитет на највисоко ниво ќе ги третира оние теми кои што се од висок интерес за оваа држава и наша обврска е да ја приближиме соработката за да донесеме напредок до граѓаните“, додаде Хаџијев.

Генералната секретарка на македонското Собрание, Цветанка Иванова, рече дека поттикнувањето на културната различност, промовирањето на образовната извонредност и унапредувањето на социјалната благосостојба на нашите граѓани се теми кои се од интерес на сите.

„ПАБСЕК е институција со напреден потенцијал и имате можност да соработувате, да разменувате искуства и да давате примери како взаемната почит и соработка можат да произведат вредности кои ќе бидат во прилог на нашите граѓани и на нашите држави“, подвлече Иванова.

Пратеничката Лидија Тасевска, шефица на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПАБСЕК, рече дека овој состанок ќе биде платформа за разменување на идеи и искуства.

„Преку објективот на културата, образованието и социјалните работи имаме можност да го поттикнеме разбирањето, да ги премостиме поделбите и да ги поставиме темелите за подобра иднина, вели Тасевска

*Македонија е членка на Црноморската економска соработка од ноември 2020 година, што носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции. Уште на самиот почеток земјава се вклучи во секторските сфери на соработка, почнувајќи од трговијата и економскиот развој,

банките и финансиите, комуникацијата, енергијата, транспортот, земјоделството и агроиндустријата, здравствената и фармацевтската грижа, заштитата на животната средина, туризмот, науката и технологијата.

Обемот на трговија во рамките на Црноморската економска соработка(ПАБСЕК) изнесува приближно 170 милијарди долари годишно.

Главните цели на земјите членки на ПАБСЕК се: обезбедување услови за економска, трговска, социјална, културна и политичка соработка; обезбедување помош на националните парламенти во јакнење на нивната парламентарната демократија; промовирање соработка со други меѓународни и регионални организации.

Собрание на Република Северна Македонија

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан