Имобиле убедливо прв на листата на стрелците во ТОП 5 лигите
- Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле направи хет-трик во натпреварот од 20. коло од италијанскиот шампионат против Сампдорија (5:1). Дваесет и деветгодишниот Италијанец има постигнато 23 гола на

Рим, 18 јануари 2020 (МИА) - Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле направи хет-трик во натпреварот од 20. коло од италијанскиот шампионат против Сампдорија (5:1). Дваесет и деветгодишниот Италијанец има постигнато 23 гола на 19 натпревари во Серија А оваа сезона и го предводи списокот на стрелци.
По Имобиле во Италија на листата на стрелците се наоѓаат Кристијано Роналдо (Јувентус) и Ромелу Лукаку (Интер) со по 14 гола.
Во другите четири европски првенства од ТОП 5 лигите по ефикасност се истакнуваат: Џејми Варди (Лестер) со 17 гола во англиската Премиер лига; Лионел Меси (Барселона) - 13 во шпанската Ла Лига; Роберт Левандовски (Баерн) - 19 во германската Бундеслига; Висам Бен-Једер - 14 во француската Лига 1.