• среда, 10 јули 2024

Имобиле е третиот играч во Серија А кој учествувал во 200 гола за еден тим

Имобиле е третиот играч во Серија А кој учествувал во 200 гола за еден тим

Рим, 22 мај 2023 (МИА) - Напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле, има придонесено во 200 гола за римјаните во италијанското првенство - 162 гола и 38 асистенции.

 

Токму Имобиле го постигна победничкиот гол од пенал на мечот со Удинезе викендов во 36. коло од Серија А.

 

Триесет и тригодишниот играч стана третиот фудбалер во историјата на италијанското првенство со ваков резултат. Тој им се приклучи на Франческо Тоти (244, Рома) и Антонио Ди Натале (255, Удинезе). зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан