• петок, 05 декември 2025

Имобиле два месеци надвор од теренот

Имобиле два месеци надвор од теренот

 

Болоња, 25 август 2025 (МИА) – Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле (35) ќе отсуствува најмалку два месеци од теренот, откако се повреди на својот прв официјален натпревар за Болоња, објави денеска италијанскиот прволигаш.

Имобиле дебитираше за Болоња во саботата на гостински терен против Рома, а се повреди во 30. минута од натпреварот.

Болоња објави дека Имобиле го повредил мускулот на десната нога.

Имобиле пристигна во Болоња кон крајот на јули откако минатата сезона ја мина во Бешикташ, постигнувајќи 15 голови на 31 натпревар за клубот од Истанбул. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан