• сабота, 23 ноември 2024

Илјадници демонстранти против проектот за пропусници за вакцини во Париз и ширум Франција

Илјадници демонстранти против проектот за пропусници за вакцини во Париз и ширум Франција

Париз, 8 јануари 2022 (МИА) - Неколку илјади луѓе демонстрираат во Париз и низ цела Франција, на крајот на неделата обележана со изјавите на Емануел Макрон за невакцинираните и во очекување на дебатата во Сенатот, закажана за понеделник, на која ќе се разгледува предлог-законот за воспоставување пропусница за вакцинираните против Кавад-19, јави дописникот на МИА од Париз.

Претседателот Еманул Макрон во петокот изјави дека „целосно“ ги потврдува неговите забелешки дадени во вторникот за невакцинираните, за кои рече дека сака да им „пречи“, обвинувајќи ги некои од нив дека сакаат „нивната слобода, која станува неодговорност, да ја претворат во парола“.

Во Париз, протестите на повик на Флоријан Филипо (Патриоти) започнаа во 15 часот од Плас ди Пале-Ројал.

Поранешната десна рака на Марин Ле Пен, Флоријан Филипо вели дека очекува „Владата да се откаже, да го повлече овој луд закон“. Тој, исто така, сака „Макрон да им се извини на Французите по гнасните и раздорни забелешки што ги даде“. Филипо вели и дека сака „Французите да разберат дека е неопходно да се запре овој пеколен циклус на потчинување, на послушност што и онака не води никаде“.

Во поворката на демонстрациите е и Бруно Атал, национален секретар на гневниот синдикат на француската полиција, кој вели: „Тука сме да ги налутиме насилниците и деликвентите, а не граѓаните“.

Од своја страна, префектурата Манш во петокот објави дека ги забранила сите собири во сабота во Мон-Сен-Мишел, каде повикот за демонстрации беше испратен од лица кои не се согласуваат со воведување здравствена пропусница. За да ја оправда својата одлука, префектурата објаснува дека не добила никакво барање за одобрување демонстрации.

Во Франција, повеќе од 328.200 нови случаи се идентификувани во изминатите 24 часа, според бројките објавени во петокот од Јавното здравство на Франција. Почетокот на учебната година од понеделник, поради варијантата Омикрон, е со нов здравствен протокол кој бара повеќе тестови.

Во Франција, секој ден во текот на неделата, од 1. до 7 јануари, во просек имаше околу 206.000 заразени и 209 смртни случаи. Вкупно 77,5 отсто од населението е целосно вакцинирано. тг/паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан