• петок, 19 јули 2024

Илјадници гуми запалени во Брадфорд, сообраќајот во прекин

Илјадници гуми запалени во Брадфорд, сообраќајот во прекин
Лондон, 16 ноември 2020 (МИА) - Илјадници гуми се запалени во англискиот град Брадфорд, поради што се затворени училиштата, а сообраќајот е прекинат. Пожарот избувнал во 4.30 часот наутро и засега нема информации за евентуални жртви, јави Би-Би-Си. Железничкиот сообраќај беше во прекин, а патиштата беа затворени. Противпожарната служба во Западен Јоркшир соопшти дека околу 100 пожарникари се на терен и дека на луѓето кои живеат во близина им било кажано да ги затворат прозорците поради големата количина чад. паг/  

Остани поврзан