• недела, 12 мај 2024

Илон Маск го реактивираше „Х“ профилот на Кање Вест

Илон Маск го реактивираше „Х“ профилот на Кање Вест

Лос Анџелес, 31 јули 2023 (МИА) - Социјалната мрежа „Х“ - поранешен „Твитер“ му го врати профилот на американскиот рапер Је (Кање Вест), речиси осум месеци откако тој објави слика со нацистички кукаст крст споен со еврејската Давидова ѕвезда.

Је нема да може да заработува од својот профил и нема да се појавуваат реклами до неговите објави, како што пренесе „Волстрит журнал“. Кога неговиот профил еднаш беше исклучен поради антисемитски пројави, па повторно вратен, за помалку од две недели музичарот ги пофали Адолф Хитлер и нацистите, проследено со сликата со свастика.

Таа втора објава доведе до суспензија издадена од самиот Илон Маск, но сега е укината. Раперот наводно ветил дека нема да ја користи платформата за ширење антисемитизам и други облици на говор на омраза.  си/сд/

Остани поврзан