• петок, 22 ноември 2024

Илиев и Рајатоски уште една година во тимот на Голден Арт

Илиев и Рајатоски уште една година во тимот на Голден Арт
Скопје, 11 август 2022 (МИА) – Најдобриот стрелец Ивица Илиев и повратникот во екипата Пеце Рајатоски уште една година во тимот на Голден Арт. - Искусниот велешанец, кој минатата година дојде во нашиот клуб со референца на голем стрелец, комплетно ја оправда довербата на раководството на Голден Арт и до јуни 2023 година ќе биде на располагање на тренерот Никола Матлиески. Илиев минатата година постигна вкупно 179 погодоци на 25 натпревари и го предводеше тимот за пласман во суперлигата. Рајатоски мината година ја стартуваше во Голден Арт, од каде пред завршување на есенската полусезона направи трансфер во Германија од каде повторно се враќа во нашиот клуб, објави Голден Арт. Илиев ја комплетира левата бековска позиција, заедно со Христијан Милошески, Тони Јакиќ и Андрија Мандиќ, додека Рајатоски кој може да одговори на двете позиции на десната страна, минутажа ќе дели со Деја Гошевски и Мице Шилегов. Со официјализирање на трансферот на Илиев и Рајатоски, тимот од Општина Аеродром го затвори играчкиот состав и во следниот период, пред стартот на првенството, ќе се подготвува на физички и техничко-тактички план, а до самиот старт на првенството предвидени се неколку подготвителни натпревари. зс/

Остани поврзан