• вторник, 14 мај 2024

Илиевски: Две нови градинки во Куманово во „Тоде Мендол“ и во „Перо Чичо“

Илиевски: Две нови градинки во Куманово во „Тоде Мендол“ и во „Перо Чичо“
Куманово, 26 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски на денешната прес-конференција најави изградба на градинка во населбата „Тоде Мендол“, решавање на инфраструктурни проекти за граѓаните од ова населено место. Во програмата предвидена е и изградба на уште една градинка во населбата „Перо Чичо“. - Детските градинки ќе овозможат прием на дечиња од предучилишна возраст. По детално спроведените истражувања од наша страна за тоа каде има најголема потреба од градинки заклучивме дека токму овие две локации се приоритет, со што на најмалите ќе им обезбедиме правилен раст, развој со изградба на современи објекти за социјализација. Финансирањето на двете градинки ќе биде дел од средствата на општината, а најголем дел од МТСП, рече Илиевски. Тој најави дека општината ќе изработи проект, дозвола за градба и ќе аплицира во соодветното министерство. - Веќе е договорено со Министерството, со новиот буџет ќе се издвојат средства за изградба на две детски градинки во Куманово-изјави Илиевски. Во „Тоде Мендол“ ќе се реконструира водоводната, атмосферската и канализациската мрежа, ќе има парк и шеталиште покрај „Поток Серава“. За сообраќајниот метеж во населбата, Илиевски најави дека ќе се реши преку продолжување на улицата „Тоде Мендол“ до автопатот, каде ќе се изгради трета лента и приклучок на населбата на автопатот. - Со ова ќе се реши и проблемот на жителите на „Тоде Мендол“ и на „Бајрам Шабани“ кои нема да мора да патуваат до центарот, па да се приклучуваат до автопатот и вториот граѓаните на Романовце да се растоварат од сообраќајниот хаос кој се случува во селото. На овој начин покрај решавање на сообраќајниот метеж ќе се намали и проблемот со аерозагадувањето, истакна Илиевски. ам/вг/

Остани поврзан