• недела, 22 декември 2024

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, од партијата најавуваат широки консултации

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, од партијата најавуваат широки консултации
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница едногласно и во целост ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски пред централниот партиски штаб. Во перидот што следи, како што информира тој, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, како што кажа, е „народно спротивставување на идентитетско обезличување“. Сајкоски посочи дека најпрво ќе направат широка консултација со општестевните чинители, па потоа ќе го водат процесот. Седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се уште трае, а на нејзе се разговарало за актуелни теми, како што е политичката состојба со посебен осврт кон актуелното прашање врзано со преговарачката рамка и спорот со Бугарија. - На површина излегоа сите лаги на Владата. Ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а преговорите започнаа само за Албанија, рече Сајкоски, додавајќи дека се уште останува ветувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се против уставни промени. фф/мс/        

Остани поврзан