Икс не е достапен за корисниците
- Социјалната мрежа Икс (X) денеска е недостапна за десетици илјади корисници ширум светот од 16 часот по средноевропско време
Вашингтон, 24 мај 2025 (МИА) – Социјалната мрежа Икс (X) денеска е недостапна за десетици илјади корисници ширум светот од 16 часот по средноевропско време.
Голем број корисници пријавиле проблеми при пристапот до платформата, но од компанијата Икс засега нема коментар.
Икс е во сопственост на Илон Маск, кој минатата година објави дека има околу 250 милиони активни корисници дневно. ми/
фото: МИА архива