• недела, 22 декември 2024

Иконите вратени од Албанија изложени во Музејот на Северна Македонија (фото)

Иконите вратени од Албанија изложени во Музејот на Северна Македонија (фото)

Скопје, 15 декември 2023 (МИА) - Незаконски изнесените икони, кои денеска беа предадени на македонската делегација во Тирана, од вечерва се изложени во Музејот на Северна Македонија. На изложувањето присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерката за култура, Костанивска Стојчевска, поглаварот на МПЦ г.г. Стефан и членот на МАНУ кој всушност ги препозна иконите, Сашо Цветковски.

Вкупно 20 икони кои беа украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион беа вратени денеска од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година.

Постапката за враќање на украдените икони во земјава од Албанија почна во 2013 година, со интенизвни активности во последните две години.

Во периодот од 2009 до 2013 година имаше силен бран на насилно влегување во црквите, особено во Западниот и Југозападниот дел на земјава, од каде што се однесоа стотици икони. Една од иконите албанскиот премиер Рама, симболично во знак на соработка му предаде на македонскиот колега Димитар Ковачевски при потпишувањето на договорот за враќање на иконите минатата година во Скопје. По завршувањето на овој процес за враќање на 20 - те украдени икони во земјава, предвидено е отварање на нов процес за враќање на уште еден контингент идентификувани икони во Албанија. сх/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан