• четврток, 21 ноември 2024

Изјава на Љупчо Пренџов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“

Изјава на Љупчо Пренџов, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“
Скопје, 20 септември 2022 Пред извесен период, до мене како претседател на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и разузнавање, стигна допис, барање од страна на директорот на АНБ со кое што, согласно членот 53 од законот бара согласност за назначување на началник за внатрешна контрола во рамки на АНБ. Тоа е согласно членот 53 од законот кој што вели дека раководителот на единицата за внатрешна контрола во агенцијата го назначува директорот од редот на работниците во агенцијата по предходна согласност од надлежното работно тело во Собранието за надзор на агенцијата за период од шест години и во ставот 2 од истиот член вели дека согласноста на овој член се дава во рок од 15 дена од приемот на барањето од страна на агенцијата. Во конкретниот случај, како претседател на комисијата во рокот утврден со закон, денес свикав четврта седница на комисијата со цел да се поразговара за тоа дали ќе има или ќе нема согласност за назначување на помошник директор за внатрешна контрола. Она кое што се случи денес е дека колегите пратеници од власта не присуствуваа на оваа седница односно колегите од власта не присуствуваа ниту да се отвори дневниот ред за назначување на господинот за началник за внатрешна контрола што навистина е многу ретка состојба во Собранието. Треба да знае јавноста дека независно што по одредени комисии, местото претседател е од страна на опозицијата, сепак согласно пратеничките мандати во пленарна седница така и во комисиите мнозинството е секогаш од власта. Денес власта не направи мнозинство за предлогот даден од директорот на АНБ, господинот Виктор Димовски. Она што загрижува е тоа што лицето кое што го предлага Владата дава предлог до Собранието и они кои што ја држат Владата во рамките на Собранието, пратениците на СДСМ и ДУИ не доаѓаат да продискутираат, да го изгласаат или не предлогот на оној кој што одговара пред премиерот на оваа држава. Не сакам да звучам зајадливо но тоа што има определени поделби во СДСМ и во ДУИ тоа е нивна работа, треба нив да ги прашате зошто ова се случува, истовремено она кое што ме загрижува е фактот дека со оваквите решенија и недоследности и со оваквиот аматеризам од страна на власта трпи безбедноста на разузнавачкиот сектор во Република Македонија и тоа е прашање што и тоа како ги интересира граѓаните на оваа држава. Се и сешто се зборува по кулоарите на Собранието, оние кои што треба да дадата одговори се пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, а ние како опозиција сме постапиле согласно закон, државнички и сме постапиле согласно интересите пред се безбедности на граѓаните на Македонија. Сето она што е спротивно на ова и зошто е оваа лакрдија која што се случува ќе треба веднаш да одговорат пратеничките групи чии што пратеници денес од мнозинството не се појавија да го поддржат кандидатот кој што тие сами си го предлагаат.   Љупчо Пренџов, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан