• петок, 05 декември 2025

Изјава на претседателот на Собранието Африм Гаши (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава на претседателот на Собранието Африм Гаши (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Скопје, 2 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши, кој денеска гласаше на вториот круг од локалните избори, нагласи дека гласот е најважниот демократски инструмент преку кој граѓаните го определуваат правецот на развојот и нивното претставување.

-Денес го остварив своето граѓанско право со гласање во вториот круг на локалните избори. Гласот е најважниот демократски инструмент преку кој граѓаните го определуваат правецот на развојот и нивното претставување, објави Гаши на Фејсбук.

Апелира граѓаните да излезат и да ја изразат својата волја на овие локални избори.

-Ги охрабрувам сите граѓани да ја искористат оваа можност за да ја изразат својата волја во корист на нашите општини и градови, посочува Гаши во објавата.фф/вј/

Фото: Фејсбук на Африм Гаши

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан