Изјава на министерот за внатрешни работи Тошковски
- Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска гласаше на вториот круг од локалните избори, изјави дека цврсто верува дека стабилноста и безбедноста на државата почнуваат со почитување на демократските процеси и институциите.
Скопје, 2 ноември 2025 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска гласаше на вториот круг од локалните избори, изјави дека цврсто верува дека стабилноста и безбедноста на државата почнуваат со почитување на демократските процеси и институциите.

-Денеска го остварив моето право на глас во рамки на вториот круг од локалните избори во Центар и Скопје.
Како министер за внатрешни работи, цврсто верувам дека стабилноста и безбедноста на државата почнуваат со почитување на демократските процеси и институциите, објави Тошковски на Фејсбук.
Нагласи дека нивна обврска е да обезбедат мирна, безбедна и фер атмосфера, каде секој граѓанин слободно го изразува своето мислење.

-Нашата обврска е да обезбедиме избори во мирна, безбедна и фер атмосфера, каде секој граѓанин слободно го изразува своето мислење. Тоа е суштината на демократијата и патот кон посилна држава, нагласи Тошковски. ац/вј/
Фото: Фејсбук Панче Тошковски