Изјава на кандидатката за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)
- Кандидатката за градоначалник на Општина Струга од Левица, Јована Мојсоска денеска го оствари своето гласачко право на локалните избори во избирачкото место во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга.
Струга, 19 октомври 2025 (МИА) - Кандидатката за градоначалник на Општина Струга од Левица, Јована Мојсоска денеска го оствари своето гласачко право на локалните избори во избирачкото место во основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга.
Очекува дека на овие избори стружани ќе покажат дека се желни за промена.
- Во основното училиште каде го поминав детството денес гласав за Струга во која сите сакаме подобро да живееме. Верувам дека оваа изборна кампања, која Левица ја водеше во позитивен дух и го подигна нивото на политичката комуникација, покажавме силен ентузијазам и надеж за реална промена. Изборите се највисок облик на посредната демократија и нашиот глас на избори претставува одлука и одговорност и за идните генерации. Верувам дека на овие избори стружани ќе покажат дека се желни за конечна промена, изјави Мојсоска по гласањето. сс/вј/
Фото МИА