• недела, 22 декември 2024

Изречени 98 казни за брзо возење на територија на СВР Битола

Изречени 98 казни за брзо возење на територија на СВР Битола
Скопје, 10 април 2022 (МИА) - При засилена акциска контрола во областа за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната спроведена денеска на територијата на СВР Битола, изречени се 98 санкции. Како што соопшти МВР, од нив 66 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 32 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. - Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР. сп/

Остани поврзан