• недела, 24 ноември 2024

Изречени 93 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово

Изречени 93 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово
Скопје, 10 јули 2022 (МИА) - Во денешната акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територијата на СВР Куманово казнети се 93 возачи.
Како што информира МВР, од нив едно возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Вкупно 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а седум надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР. мд/мч/

Остани поврзан