• недела, 14 април 2024

Изречени 55 санкции за недавање првенство на минување

Изречени 55 санкции за недавање првенство на минување

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера во периодот од 7.00 до 12.00 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои не даваат првенство на минување на крстосница на територијата на државата, при што се санкционирани 55 возачи.

Од нив, како што информираат од МВР, 14 се казнети на територијата на СВР Тетово, а 13 на територија на СВР Битола. При контролата санкционирани се и 164 други видови на сообраќајни прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. дма/сп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан