• сабота, 20 април 2024

Изречена 21 санкција за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово 

Изречена 21 санкција за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово 

Скопје, 25 февруари 2024 (МИА) - Вo текот на изминатата ноќ од 22 до 4 часот, полициски службеници на СВР Тетово при акциска контрола за санкционирање на возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол, санкционирале 21 возач од кои 14 во Тетово и седум во Гостивар. 

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, возачите се исклучени од сообраќај и изготвени се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. Покрај ова, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.

Од МВР посочуваат дека во акциската контрола санкционирани биле и 25 други видови сообраќајни прекршоци од кои 18 во Тетово и пет во Гостивар. фф/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан