• сабота, 05 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Израелската армија издаде наредба за евакуација на област во јужните предградија на Бејрут

Израелската армија издаде наредба за евакуација на област во јужните предградија на Бејрут

Тел Авив, 28 март 2025 (МИА) - Израелските вооружени сили денеска издадоа наредба за евакуација на областа Хадас во јужните предградија на либанската престолнина Бејрут.

Ова е прва ваква наредба по постигнувањето на договорот меѓу Хезболах и Израел.

Израелските вооружени сили претходно денеска соопштија дека изведуваат напади врз јужен Либан.

Неколку часа претходно беше објавено дека проектили биле истрелани кон Израел од либанска територија.

Израелските сили соопштија дека подоцна ќе објават повеќе детали.

Либанското шиитско движење Хезболах денеска соопшти дека не стои зад лансирањето ракети против Израел утрината.

Хезболах на апликацијата за пораки Телеграм објави дека продолжува да се придржува до договорот за прекин на огнот со Израел. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан