• недела, 15 декември 2024

Израел ќе ја затвори амбасадата во Ирска

Израел ќе ја затвори амбасадата во Ирска

Ерусалим, 15 декември 2024 (МИА) - Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар денеска објави дека израелската амбасада во Ирска ќе биде затворена „поради екстремната антиизраелска политика на Владата во Даблин“, пренесува Бета.

Израел го отповика својот амбасадор во мај, бидејќи Ирска стана една од трите земји на ЕУ што објавија дека еднострано ќе ја признаат палестинската држава.

Ирска не го повлече својот амбасадор од Израел.

Ирската влада минатата недела гласаше да се приклучи на Јужна Африка во постапката против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг.

- Антисемитските акции и реториката на Ирска против Израел се засноваат на делегитимизирање и демонизирање на еврејската држава и на двојни стандарди, рече Сар.

Тој оцени дека Ирска „ги преминала сите црвени линии во односите со Израел“.

- Израел ќе ги вложи своите ресурси во унапредување на билатералните односи со земјите од светот во согласност со приоритетите кои исто така потекнуваат од односите на државите кон него, најави израелскиот министер.

Сар рече дека има земји кои се заинтересирани за зајакнување на врските со Израел, но се уште немаат амбасада во таа земја.

Тој најави дека Израел ќе отвори амбасада во Молдавија, која веќе има амбасада во Тел Авив.са/

Фото: 

Остани поврзан